ВИДЕО | Одговор на провокациите: Ѓоковиќ прво „плачеше“, па на српски испрати сочни пцовки

Фото: Screenshot

Новак Ѓоковиќ денес се пласираше во ново големо финале на Вимблдон откако во полуфиналето беше подобар од Јаник Синер со 3:0 во сетови.

Ѓоковиќ од самиот почеток на мечот го наметна своето темпо и констатно изгледаше дека го има мечот под контрола. И во овој меч, како и многу пати претходно, Ѓоковиќ се соочи со провокации од публиката.

На моменти се слушаа разни извици од трибината, а Ѓоковиќ не издржа да не им одговори. По еден освоен поен, Новак гестикулираше како плаче, но и им испрати сочни пцовки на српски јазик.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот