Ивановски запрен во четвртфиналето на силниот турнир во Романија

Фото: mtftennis.mk/

Maкедонскиот најдобар тенисер, Калин Ивановски беше запрен од Стивен Диез во четвртфиналето на турнирот во Романија.

Ивановски денешниот меч го загуби со 2:0 во сетови (4:6 и 3:6). Ивановски направи подвиг на силниот турнир во Романија стигнувајќи до четвртфиналето, но денес немаше решение за одличниот Диез.

Првиот сет во денешниот меч, Диез го доби откако направи брејк во петиот гем при резултат 3:2. Не се откажуваше Калин и играше добро во вториот сет, но во шестиот гем испушти една брек прилика.

Набрзо потоа стигна казната и Диез двапати му го одзема сервисот за победа од 6:3. Со пласманот во четвртфиналето Ивановски освои нови бодови и од понеделник го чека нов скок на АТП листата.

Нова победа за Калин: Обезбеди четвртфинале во Романија!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот