ВИДЕО | Aлкараз го прегази Медведев и закажа спектакл со Ѓоковиќ

Фото: EPA-EFE/TOLGA AKMEN EDITORIAL

Карлос Алкараз е вториот финалист на Вимблдон токако денес одигра маестрален меч и го совлада Данил Медведев со 3:0 во сетови (6:3, 6:3, 6:3).

Првиот рекет во светот одигра фантастичен меч и за нешто помалку од два часа го „збриша“ Медведев и првпат во кариерата ќе игра финале на неофицијалното тениско Светско првенство.

Се очекуваше Медведев да биде вистинска закана за Алкараз, но Шпанецот доминираше од почетокот до крајот и не дозволи Русинот да се понадева на некаква прилика.

Финалето ќе биде вистински спектакл во кое Алкараз ќе се соочи со Ѓоковиќ. а дефинитивно двајцата покажаа најмногу во досегашниот дел од турнирот. Последната пресметка помеѓу Ѓоковиќ и Алкараз беше во финалето на Ролан Гарос каде што Алкараз се повреди и го изгуби тој меч.

Тоа ќе биде вкупно трети меч на Ѓоковиќ и Алкараз, првиот во Мадрид го доби Шпанецот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот