Познат распоредот на мечеви за ЕП 2024: Германија на стартот против Шкотска

Европското фудбалско првенство во Германија ќе се одржи од 14 јуни до 14 јули 2024 година, на кое ќе настапат 24 репрезентации поделени во шест групи. УЕФА го одреди распоредот на натпреварите и кој против кого, кога и каде ќе игра. Според најавите мечевите од групната фаза ќе се играат од 15.00, 18.00 и 21.00 …

Познат распоредот на мечеви за ЕП 2024: Германија на стартот против Шкотска Read More »

ВИДЕО: Ле Авр го одложи шампионското славје на ПСЖ

Водечкиот тим на табелата во францускиот фудбалски шампионат ПСЖ извлече само бод на гостувањето кај Ле Авр, екипа која се бори за опстанок во лигата. Резултатот на крајот на натпреварот беше 3:3. Андре Ају, Абдулаје Туре и Кристофер Опери погодија за гостите, а Ахраф Хакими, Бредли Баркола и Гонкало Рамос реализираа за ПСЖ. ПСЖ излезе …

ВИДЕО: Ле Авр го одложи шампионското славје на ПСЖ Read More »

ВИДЕО: Атлетико Мадрид го задржува местото кое води во Лигата на шампионите

Фудбалерите на Атлетико Мадрид го совладаа Атлетик Билбао со резултат 3:1 во 33 коло од „Ла Лига“. „Јорганџиите“ подобро го започнаа натпреварот, поведоа во 15 минута, кога погоди Родриго де Пол. Непосредно пред паузата, Нико Вилијамс израмни за тимот од Баскија. Веќе на стартот од вториот дел од играта се забележаа нови возбудувања. Коке беше …

ВИДЕО: Атлетико Мадрид го задржува местото кое води во Лигата на шампионите Read More »

ВИДЕО: Челси лошо почна, па успеа да освои бод по 100 минути фудбал

Фудбалерите на Челси одиграа нерешено со Астон Вила во натпреварот од 35 коло во Премиер лигата со 2:2. Марк Кукуреља со автогол во четвртата минута им донесе предност на домаќините на Вила Парк, а Морган Роџерс го удвои водството по додавањето на Мети Кеш во 42 минута. Помеѓу тие два гола, еден беше поништен за …

ВИДЕО: Челси лошо почна, па успеа да освои бод по 100 минути фудбал Read More »

ВИДЕО: Останаа уште три кола, Леверкузен не знае за пораз во Бундес лигата

Денеска во 31 коло од најсилното германско фудбалско првенство ремизираа екипите на Баер Леверкузен и Штутгарт со 2:2. На три кола до крајот на бундеслигашката сезона новиот шампион Баер Леверкузен и натаму не знае за пораз. По првото полувреме на „Бај Арена“ немаше голови, но ги имаше во вториот дел. Водеа гостите со погодоците на …

ВИДЕО: Останаа уште три кола, Леверкузен не знае за пораз во Бундес лигата Read More »

Беса 1976 на чекор до елитата, 10 гола на мечот Тетекс – Арсими

Денеска се одиграа натпреварите од 26 коло во Втората македонска фудбалска (2МФЛ), во дербито Беса 1976 ремизираше без голови (0:0) против Пелистер. На фудбалерите на Беса 1976 им е потребен само уште еден бод во следните четири кола и официјално бидат промовирани како учесници во Првата лига следната сезона. Пелистер останува на втората позиција со …

Беса 1976 на чекор до елитата, 10 гола на мечот Тетекс – Арсими Read More »

Атанасов: Негативата не е голема и во Суботица нема да одиме со бело знаме

МЗТ Скопје Аеродром е поразен во првиот натпревар од полуфиналето во АБА 2 лигата на домашен терен против Спартак Суботица. Повеќе ТУКА Актуелниот македонски шампион на реваншот во Србија кој ќе се одигра на 4 мај ќе брка негатива од пет коша разлика. Тренерот на „металците“, Васко Атанасов вели дека неговите играчи не се предаваат …

Атанасов: Негативата не е голема и во Суботица нема да одиме со бело знаме Read More »

ВИДЕО: МЗТ поразен од Спартак во првиот меч од полуфиналето во АБА 2 лигата

Во првиот натпревар од полуфиналето во АБА 2 лигата екипата на МЗТ Скопје Аеродром во СЦ „Јане Сандански“ загуби од Спартак Суботица со 73:78 (15:23, 16:12, 24:17, 18:26). Во текот на првата четвртина играчите на тренерот Васко Атанасов имаа позитива од четири коша разлика (13:9), а подоцна и 15:13, но од тој момент дозволија противниците …

ВИДЕО: МЗТ поразен од Спартак во првиот меч од полуфиналето во АБА 2 лигата Read More »

Пелистер убедливо го совлада Работнички на стартот од полуфиналната серија

Во првиот натпревар од полуфиналната серија во македонскиот шампионат, кошаркарите на Пелистер стигнаа до голема победа на гостувањето во СРЦ „Кале“ – Скопје каде славеа со убедливи (86:63) против Работнички и се стекнаа со почетно водство (1-0) во серијата „кој прв до три победи“ во полуфиналето на плеј-офот. Освен тоа, што е особено важно, имаа …

Пелистер убедливо го совлада Работнички на стартот од полуфиналната серија Read More »

Официјално: Партизан со нов договор за Жељко Обрадовиќ

Како што и се најавуваше, најтрофејниот европски кошаркарски тренер на сите времиња, Жељко Обрадовиќ (64) потпиша нов договор на две години со Партизан. Претседателот на српскиот кошаркарски клуб, Остоја Мијаиловиќ изјави дека се одлучија за ваков договор бидејќи за две години истекува неговиот мандат како прв човек на Партизан: – Му честитам на Жељко и …

Официјално: Партизан со нов договор за Жељко Обрадовиќ Read More »

Жељко Обрадовиќ уште две години ќе биде тренер на Партизан

Српскиот кошаркарски клуб Партизан и легендарниот тренер Жељко Обрадовиќ се договорија за продолжување на соработката. Според најавите најдобриот европски тренер на сите времиња ќе продолжи да ги води белградските „црно-бели“ од клупата и во наредниот период. Тоа е епилогот на неколкумесечните шпекулации дали и под кои услови ќе продолжи соработката меѓу двете страни. Обрадовиќ дојде …

Жељко Обрадовиќ уште две години ќе биде тренер на Партизан Read More »

РК Алкалоид со доминантна победа над Охрид во плеј-офот од Суперлигата

Денеска во рамките од плеј-офот во македонската ракометна Суперлига екипата на Алкалоид триумфираше над ГРК Охрид со резултат 42:31 (22:14). Во победничките редови најдобри стрелци беа Стојковиќ и Митев со по седум гола, додека Серафимов и Митев погодија по шест пати. Во победата придонесе и голманот на РК Алкалоид, Трајкоски со 12 одбрани. На спротивната …

РК Алкалоид со доминантна победа над Охрид во плеј-офот од Суперлигата Read More »

Плеј-оф: Ракометарите на Вардар до убедлив триумф над Струга

Денеска во 11 коло во плеј-офот на македонската ракометна Суперлига екипата на Вардар иако во комбиниран состав убедливо со 36:15 славеше над Струга. По првото полувреме играчите предводени од тренерот Владо Недановски имаа осум голови предност (16:8). Први стрелци во редовите на скопските „црвено-црни“ беа Марио Стојановски и Немања Голковиќ со по пет голови, а …

Плеј-оф: Ракометарите на Вардар до убедлив триумф над Струга Read More »

Стојанче Стоилов во стручниот штаб на Лазаров за натпреварите со Фарски Острови

Селекторот на македонската ракометна репрезентација Кирил Лазаров денеска го објави поширокиот список на ракометари за бараж натпреварот против Фарски Острови. Но, со објавувањето на овој список беше потврдено и дека во македонската репрезентација како дел од стручниот штаб се враќа Стојанче Стоилов. Поранешниот пикер на репрезентацијата ќе ја има улогата на помошник тренер. Против Фарски …

Стојанче Стоилов во стручниот штаб на Лазаров за натпреварите со Фарски Острови Read More »

Лазаров го објави поширокиот список ракометари за натпреварите со Фарски Острови

Селекторот на машката сениорска селекција Кирил Лазаров го објави поширокиот список на ракометари за бараж натпреварот против селекцијата на Фарски Острови за пласман на Светското првенство во 2025 година. Машката сениорска селекција првиот натпревар од баражот ќе го оддигра на гостински терен на 08.05.2024 (среда) со почеток во 20:00 часот , а ревашот е закажан …

Лазаров го објави поширокиот список ракометари за натпреварите со Фарски Острови Read More »

Јанев го објави поширокиот список на ракометарки за младинскиот Мундијал во Скопје

Стручниот штаб и селекторот на женската младинска ракометна репрезентација на Македонија Дарко Јанев го објави поширокиот список на ракометарки за претстојното 24 Светско првенство за младинки кое ќе се организира од 19 до 30 јуни 2024 година во Скопје. Македонската репрезентација е дел од групата „Х“ заедно со селекциите на Ангола, Исланд и САД. На …

Јанев го објави поширокиот список на ракометарки за младинскиот Мундијал во Скопје Read More »

ВИДЕО: Надал му се одмазди на Де Минор за поразот во Барселона

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал успеа да обезбеди пласман во третото коло на Мастерс турнирот во Мадрид. Надал му се одмазди на Алекс де Минор за поразот во Барселона минатата недела откако триумфираше со 2:0 во сетови 7:6 (6) и 6:3. Надал веднаш направи брејк и поведе со 2:0, но Австралиецот успеа да го врати брејкот. …

ВИДЕО: Надал му се одмазди на Де Минор за поразот во Барселона Read More »

Циципас елиминиран, Швјонтек лесно до осминафиналето во Мадрид

Грчкиот тенисер Стефанос Циципас денеска не успеа да се пласира во третото коло на Мастерс турнирот во Мадрид, откако загуби од Бразилецот Тиаго Монтеиро со 4:6, 4:6. Моментално 118 тенисер направи по еден брејк во двата сета и тоа му беше доволно за победа против седмиот на АТП листата по еден час и 37 минути. …

Циципас елиминиран, Швјонтек лесно до осминафиналето во Мадрид Read More »

Марк Маркез како во најдобрите денови: Пол-позиција за спринт трката во Шпанија

Пол-позицијата за спринт трката, четврта од сезоната во Мото ГП на Големата награда на Шпанија му припадна на возачот на „Гресини“, Марк Маркез, кој ги заврши квалификациите со време од 1:46.773. Така, осумкратниот светски шампион го оствари дебитантското прво место во новиот тим, откако ја напушти „Репсол Хонда“. Марко Бецеки го освои второто место со …

Марк Маркез како во најдобрите денови: Пол-позиција за спринт трката во Шпанија Read More »

БРАВО: Бобан Илиоски е нов светски шампион во кик-бокс во ВАКО Про

Вечерва во одлична атмосфера во Спортскиот центар „Јане СанданскИ“ во Скопје пред голем број на фанови фантастичен успех оствари македонскиот борец Бобан Илиоски. Нашиот натпреварувач со судиска одлука успеа да го совлада Берк Дузенли од Турција во дисциплината К1 до 88,6 килограми. На тој начин Илиоски дојде до светската титула во кик бокс во ВАКО …

БРАВО: Бобан Илиоски е нов светски шампион во кик-бокс во ВАКО Про Read More »

ВИДЕО: Карлос Алкараз без поголеми проблеми до третото коло во Мадрид

Одличниот старт на турнирот за шпанскиот тенисер Карлос Алкараз во Мадрид беше крунисан со победа од 2:0 против Александар Шевченко, Русин кој настапува за Казахстан, во сетови 6:2, 6:1. На овој начин ја започна одбраната на титулата, која е многу важна за да се држи чекор со врвот на АТП листата. Мечот траеше само 66 …

ВИДЕО: Карлос Алкараз без поголеми проблеми до третото коло во Мадрид Read More »