Познат распоредот на мечеви за ЕП 2024: Германија на стартот против Шкотска

фото: EPA-EFE/FILIP SINGER

Европското фудбалско првенство во Германија ќе се одржи од 14 јуни до 14 јули 2024 година, на кое ќе настапат 24 репрезентации поделени во шест групи.

УЕФА го одреди распоредот на натпреварите и кој против кого, кога и каде ќе игра. Според најавите мечевите од групната фаза ќе се играат од 15.00, 18.00 и 21.00 часот.

На отворањето од 21.00 часот во Минхен на „Алијанц арената“, во воведниот меч домаќинот Германија на 14 јуни во групата „А“ ќе игра против Шкотска.

Засега е позната саатницата само за првиот меч, како и за полуфиналните дуели (9/10 јули во Минхен и Дортмунд) и финалето во Берлин (14 јули) кои исто така ќе бидат од 21.00 часот За другите натпревари, саатницата ќе биде одредена подоцна.

14 јуни:

Германија – Шкотска (Минхен, 21:00 часот)

15 јуни:

Унгарија – Швајцарија (Келн)
Шпанија – Хрватска (Берлин)
Италија – Албанија (Дортмунд)

16 јуни:

Србија – Англија (Гелзенкирхен)
Словенија – Данска (Штутгарт)
(Полска/Велс/Финска/Естонија) – Холандија (Хамбург)

17 јуни:

Австрија – Франција (Дизелдорф)
Белгија – Словачка (Франкфурт)
Романија – (Босна и Херцеговина/Израел/Украина/Израел) (Минхен)

18 јуни:

Турција – (Грузија/Грција/Казахстан/Луксембург) (Дортмунд)
Португалија – Чешка (Лајпциг)

19 јуни:

Шкотска – Швајцарија (Келн)
Германија – Унгарија (Штутгарт)
Хрватска – Албанија (Хамбург)

20 јуни:

Шпанија – Италија (Гелзенкирхен)
Данска – Англија (Франкфурт)
Словенија – Србија (Минхен)

21 јуни:

(Полска/Велс/Финска/Естонија) – Австрија (Берлин)
Холандија – Франција (Дортмунд)
Словачка – (Босна и Херцеговина/Израел/Украина/Израел) (Хамбург)

22 јуни:

Белгија – Романија (Келн)
Турција – Португалија (Дортмунд)
(Грузија/Грција/Казахстан/Луксембург) – Чешка (Хамбург)

23 јуни:

Швајцарија – Германија (Франкфурт)
Шкотска – Унгарија (Штутгарт)

24 јуни:

Албанија – Шпанија (Дизелдорф)
Хрватска – Шпанија (Лајпциг)

25 јуни:

Англија – Словенија (Келн)
Данска – Србија (Минхен)
Холандија – Австрија (Берлин)
Франција – (Полска/Велс/Финска/Естонија) (Дортмунд)

26 јуни:

Словачка – Романија (Франкфурт)
(Босна и Херцеговина/Израел/Украина/Израел – Белгија (Штутгарт)
(Грузија/Грција/Казахстан/Луксембург) – Португалија (Гелзенкирхен)
Чешка – Турција (Хамбург)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот