Бутел Скопје со гол во последната секунда елиминиран од ЕХФ Европскиот куп
Денеска во реванш натпреварот од првото коло во ЕХФ Европскиот куп ракометарите на Бутел Скопје загубија со 29:24 на гости во Луксембург против Дуделанж.
Препорачано
На првиот меч македонскиот претставник славеше со 31:27, но на возвратниот дуел за еден погодок противникот успеа да се пласира во следната фаза од клупското натпреварување.
Во текот на првото полувреме Бутел Скопје имаше водство од 4:2, а во понатамошниот дел од натпреварот одржуваше и минимална позитива.
Од стартот на вториот дел Дуделанж беше тимот кој го контролираше резултатот, доаѓајќи до „плус три“, а нешто подоцна и за прв пат до четири голови разлика (18:14).
При негатива од 20:17, Бутел Скопје направија одлична серија од 5:0 за преземање на водството од 22:20. Се вратија ривалите во мечот израмнувајќи на 23:23 и тука следуваше уште една нивна клучна низа на погодоци од 4:0.
Бутел Скопје успеа да намали на 28:24, а играчите на Дуделанж се израдуваа на победата и понатамошниот пласман со гол реализиран во последната секунда од натпреварот и така ја надоместија негативата од првата средба.
Кај стрелците во Бутел Скопје најефикасен беше Субашевски со седум голови, а голманот Стојаноски запиша 10 одбрани.


