Пресуда за Раде Трајковски - Штекли

Бурна реакција на осуден со Штекли: Ова нема врска, Дени Масев и Колумбо добија четири години, јас пет

Еден од осудените на денешното објавување на пресудата за групата на Раде Трајковски – Штекли, Стефан Китанов кој беше осуден на пет години затвор за продажба на кокаин и марихуана, бурно реагираше на затворската казна која ја донесе судот.

Неговите аргументи кои револтирано му ги кажа на судијата Илија Трпков беа дека пред судењето имал понуда да се спогоди и да добие три години затвор, а сега добил пет години затвор и го спомена поранешниот фудбалски репрезентативец и спортски директор на репрезентација А кој беше споменат во пресудата дека тој заедно со Штекли ја воделе групата, односно двајцата од непознати лица повеќе пати купувале кокаин и марихуана, ја складирале во станот, а потоа другите од групата ја продавале низ Скопје.

За него беше неправедно тоа што Масев и Димитар Трајчев со прекар Колумбо со спогодби добиле четири години затвор, а тој пет.

-Три години ги одбив дека сум невин, вие ми давате 5 години, за нешто „благе везе што нема“… Нека ви служи на чест, срамота – рече Китанов.

Обвинителката Верица Бержецка Крстева која рече дека ќе одлучи дали ќе поднесе жалба, откако ќе ја добие пресудата, вели дека знае за кои обвинети зборува Китанов, но тврди дека тие како Обвинителство поднеле жалба на пресудата, но Апелација ги потврдила пресудите за Масев и Трајчев.

-Овој обвинет има три точки на извршување на кривичното дело со опис на конкретни дејствија. Тој за цело време на траење на постапката го потенцираше моментот дека немал директна комуникација со првообвинетиот меѓутоа тој е во директна корелација за продажбата со уште двајца обвинети описот на ова кривично дело е состав во група без разлика дали се поврзани со првообвинетиот или не. Затоа сметам дека таквите наводи не се оправдани. Во делот со пресудата за двајца обвинети кои добија четири години, да, тие имаа повеќе дејствија на извршување на ова кривично дело и обвинителството ја обжали таквата казна меѓутоа Апелација сметаше дека таквите казни се доволни – изјави Обвинителката.

Раде Трајковски Штекли / Фото: Слободен печат – Драган Митрески

Вештакот Ангелковски вели дека Штекли има шизофрени карактеристики и верува во измислени личности

Обвинителството започна постапка против 17 лица, најголем дел признаа вина, а петмина не признаа вина и остана да им се суди. Па така, Штекли доби осум години затвор, додека другите обвинети, меѓу кои Стефан Китанов е осуден на пет години затвор, Александар Вучевски е осуден на пет години затвор, Филип Таневски на пет години, а Стојан Миланов на три години и 10 месеци. Првите тројца остануваат во притвор , додека Таневски и Миланов во куќен притвор.

Адвокатот на Штекли, Александар Новаковски рече дека ќе ја обжалат пресудата и потенцираше дека тој постапката ја следел многу тешко поради влошената здравствена состојба и тешко се обезбедувале докази кои оделе во прилог на негова одбрана.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот