Бундеслигашки правила за славење голови: Забрането ракувањето меѓу играчите!

twitter/Bundesliga English

Во упатствата кои се доставени до бундеслигашките клубови се вели дека играчите, колку што е можно, мора да се воздржат од плукање на теренот.

Како што е веќе познато, следниот викенд продолжува сезоната во најсилното германско првенство, нема да бидат дозволени прослави на голови со гушкање или ракување, туку само со допирање на лактите или нозете, пренесува „Билд“.

Во упатствата кои се доставени до бундеслигашките клубови се вели дека играчите, колку што е можно, мора да се воздржат од плукање на теренот.

На стадионите ќе бидат забранети маскотите, играчите нема да се ракуваат пред натпреварот, а ќе ги нема и групните фотографии.

Екипите од тунелот или соблекувалните нема истовремено да излегуваат на теренот. Сите кои седат на клупата мора да носат заштитни маски, а помеѓу играчите потребно е барем едно слободно место од аспект на растојанието.

Тренерите ќе можат да ја тргнат маската само кога даваат инструкции до играчите, на оддалеченост од минимум 1,5 метри од своите или противнички играчи.

Не е изненадувачки што прво продолжува германското првенство. Германците се многу дисциплинирани луѓе кои бараат брзи и ефикасни решенија. Сите ги следат правилата, сè е на распоред, сè е типично германски – рече тренерот на Шалке, Давид Вагнер за британски „Тајмс”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот