Бугарско МНР: Ѝ соопштивме на РС Македонија дека нејзините предлози се неприфатливи
Бугарија ја време на состанокот во февруари ја информирала Северна Македонија дека нивните предлози не се прифатливи и дека разговорите треба да продолжат, велат од бугарското МНР, јави БГНЕС. Ова е одговор на наводите на македонскиот министер за надворешни работи Бујар Османи дека постои документ кој е прифатлив за нас, но се чека одговор од властите во Софија.
Препорачано
„Постои активен дијалог меѓу министерствата за надворешни работи на Бугарија и Република Северна Македонија со цел да се изнајдат решенија за отворените политички прашања. Последниот експертски состанок на тимовите на МНР се одржа на 11 февруари годинава, на кој се разговараше за најновите предлози на Северна Македонија, официјално испратени во декември 2021 година како одговор на предлозите на бугарската страна. На средбата во февруари бугарската страна ги информираше претставниците на Северна Македонија дека нивните предлози не се прифатливи и дека разговорите треба да продолжат“, велат од бугарското МНР.
Според нив, кога ќе има знаци за позначителен напредок, „бугарската страна ќе испрати свој предлог со цел приближување на ставовите“.
Османи: Има еден документ за договор којшто е прифатлив за нас, чекаме Бугарија да се изјасни


