Даниел Лорер и Артане Ризваноли/Фото: МИА

Бугарско-косовски бизнис форум во Софија

Министерот за иновации и раст на Бугарија Даниел Лорер разговараше со министерот за економија на Република Косово д-р Артане Ризваноли за зајакнување на соработката во секторот за информатичка и комуникациска технологија, како и размена на искуства и перспективи за зголемување на инвестициските капацитети на приватниот сектор во областа на иновациите меѓу двете земји, соопшти прес-центарот на бугарското Министерство за економија и развој.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, на форумот присуствуваше и заменик министерката за иновации и раст Десислава Бонева, која го отвори Бугарско-косовскиот бизнис форум за иновации и технологија со учество на над 50 компании од двете земји. Даниел Лорер истакна дека технолошкиот сектор најпрогресивно се развива во Бугарија, земајќи го предвид трикратниот раст во последните години. Според него, информатичката технологија е важен дел од бугарската економија, а растот на овој сектор дава шанса да се развие сосема поинаква индустрија и високата технологија да влезе во сите други индустриски сектори. Според него, информатичката технологија е важен дел од бугарската економија, а растот на овој сектор дава шанса да се развие сосема поинаква индустрија и високата технологија да влезе во сите други индустриски сектори.

Артане Ризваноли, од своја страна, истакна дека Косово има значителен потенцијал и може да стане важен регионален деловен партнер на бугарските технолошки и иновациски компании, како и да обезбеди можности за нови деловни потфати.

На средбата, двајцата разговарале и за поддршката за старт-ап компании, трансфер на технологија и можности за креирање билатерални програми за промовирање на заеднички иновативни проекти.

Бугарско-косовски бизнис форум се одржа во Софија Технички парк Одржан Бугарско-косовски бизнис форум, фокусиран на средби меѓу претставници на над 50 компании од Бугарија и Косово од областа на иновациите и високата технологија.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот