Бугарскиот премиер Кирил Петков е во карантин

кирил петков
Кирил Петков / Фото: МИА

Бугарскиот премиер Кирил Петков и шефицата на неговиот кабинет Лена Бориславова се во карантин, јави БТА. Мерката е неопходна откако претседателот на Собранието Никола Минчев даде позитивен тест за ковид-19 по вчера одржаниот Советодавниот совет за национална безбедност.

– Како што се правилата за сите други, така ќе бидат и ќе се придржуваат до нив, соопшти владината прес-служба.

Оттаму појаснуваат дека се уште е нејасно дали средбата со организациите на работодавачи во Советот на министри закажана за денеска попладне ќе биде откажана.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот