Шалтер Фото: Архива Слободен печат

Бугарски пратеници сакаат да одложат уште еден бирократски товар за бизнисот

Бизнисите во Бугарија не се подготвени да го исполнат условот за редовно објавување на т.н извештаи за одржливост заедно со тековното и годишното сметководствено известување. Доставувањето на овие извештаи треба да се одложи за една година. Ова го бараат пратениците од ГЕРБ и „Продолжуваме со промената“, кои поднесоа два посебни предлог-закони за измена на Законот за сметководство, информира „Сега.бг.њус“.

Во овој закон минатата година беше транспонирана европската директива за одржлив развој, според која од 2025 година компаниите со над 500 вработени ќе треба да ги достават своите финансиски извештаи за 2024 година. Сè уште не е јасно по кои стандарди ќе се презентираат нефинансиските информации, ниту пак во кој електронски формат, посочуваат пратениците од ГЕРБ и ПП. Нема проценка колку овој нов бирократски товар ќе ги чини бизнисите. Генерално, станува збор за широк опсег на дополнителни информации поврзани со заложбите на претпријатијата за заштита на животната средина, социјалната и корпоративната одговорност.

Вакви информации, според Законот за сметководство, се бараат од сите компании (со исклучок на микро-претпријатијата) кои се „од јавен интерес“. Станува збор за компании чии акции се тргуваат на европските берзи, но и банки, осигурителни и пензиски друштва, инвестициски посредници, голем број енергетски компании, оператори за водоснабдување итн. Според Брисел, целта на европската директива за одржлив развој – дел од „Зелениот договор“ – е да им даде доволно информации на инвеститорите за да бидат свесни за ризиците и можностите пред нивните инвестиции, како и за влијанијата од овие инвестиции во луѓето и животната средина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот