Бугарската Влада го одобри договореното од заедничката меѓувладина комисија

Знаме на РСМ и Република Бугарија / Фото: Архива на Слободен печат

Бугарската Влада го одобри протоколот од првото заседание на Заедничката меѓувладина комисија меѓу Република Бугарија и Република Северна Македонија одржан на 10 јуни во Софија.

Владата направила и преглед на исполнувањето на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка потпишан меѓу двете земји на 1 август 2017 година. Разгледани се и предложените мерки за подобрување на билатералната соработка во економијата, енергетиката, одбраната, патната инфраструктура, туризмот, образованието, културата,…

Заедничката меѓувладина комисија, како што соопшти прес-службата на бугарската Влада, ја повика Комисијата за историски и образовни прашања составена од експерти од двете земји, да ја забрза работата околу отворените теми од заедничката историја како што се Гоце Делчев и Илинденското-Преобреженско востание со цел да биде направен напредок согласно Договорот за добрососедство, а врз база на објективни, основани и автентични докази и историски извори, како и научно потврдено толкување на историските настани.

Софија и Скопје веќе го прифатија договореното од Комисијата за историски и образовни прашања за заедничко одбележување на Свети Кирил и Методиј , Свети Климент и Наум и Цар Самоил, како и заедничките принципи во врска со содржината на учебниците по историја за петто одделение во Бугарија и за шесто одделение во Северна Македонија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот