Бугарија увезува 60 отсто од свинското месо
Според официјалните податоци, од сите видови месо во Бугарија, потрошувачката на свинско е 53%, потоа следува пилешкото со 42% и говедското со 5%. За свињите и месото произведени во тековната 2025 година, прогнозата предвидува дека цените ќе бидат на ниво на 2024 година. Всушност, количината на бугарското производство изнесува само 35-40% од целата годишна потрошувачка во земјата, информира порталот Новините.
Препорачано
Околу 60% од свинското месо се увезува, а од тоа половината се конзервирани и разладени свински производи од: Шпанија, Германија, Франција, Белгија, Унгарија, Холандија, Полска. Бугарските фармери извезуваат само мали количини (6,5-7 илјади тони) месо во Романија и Грција. Не смее да се заборави дека цените на бугарското свинско месо се во пораст и на нив влијаат европските цени, бидејќи повеќе од половина од увозот е од странство. Затоа мора да се земе предвид дека во последните години извозот на свинско месо од ЕК е намален за 23 милиони тони.
„Европската унија го губи својот интегритет поради многуте наметнати закони за хуманиот однос кон животните и Зелениот договор, кој и доведе до намалување на вкупното производство“, резимираат од Здружението на фармери на Бугарија.


