Бугарија ќе бара со нота да им се обезбеди пристап на Бугарите на 4 февруари, најави Милков

Бугарија ќе побара со нота да им се обезбеди пристап на Бугарите кои што ќе патуваат во Македонија за да се поклонат пред споменикот на Гоце Делчев на 4 февруари, најави бугарскиот министер за надворешни работи Николај Милков на отчетот за сработеното во МНР за време на техничката влада.

На настанот, како што кажа, ќе присуствуваат и претставници на бугарската амбасада во Скопје.

– Клучно е да се гарантира безбедност на Бугарите таму. Обезбедувањето непречено оддавање почит на 4 февруари е дел од тоа. Ние сакаме да постигнеме деескалација и не бегаме од таков дијалог. Нашиот премиер ќе има телефонски разговор со македонскиот премиер Ковачевски, а еден од главните елементи ќе биде осигурување на безбедноста на бугарските граѓани таму воопшто, како и за тоа што ќе се случи на 4 февруари. Ние се залагаме за таква деескалација, но таа не треба да не враќа на ситуацијата пред една недела бидејќи тоа би било бетонирање на на репресијата, изјавил Милков, а пренесува БНТ.

Според него, ако Северна Македонија го попречи пристапот на бугарските граѓани, тоа би било без преседан.

– Ако тоа се случи, тоа ќе биде без преседан. Немам информации дека две земји членки ги прогласиле своите граѓани за персона нон грата. Ова ќе биде без преседан и ќе бара одговор без преседан, вели тој.

Милков уште додава дека Бугарија ќе бара од македонските власти потврда дека локалните институции ќе си ги вршат функциите.

Тој вели и дека Бугарите и луѓето со бугарска самоопределба немале доверба во македонските институции, а поплаките што ги поднесуваат не се разгледувале или ако се разгледувале добивале негативен резултат.

– При ваков притисок, Бугарите во Северна Македонија немаат многу опции, или треба да ја прекинат својата дејност или да се вратат во Бугарија. Тоа треба да е дел од нашиот дијалог таму за да може да се излезе од тој маѓепсан круг, тие се жалат, а бумерангот им се враќа. Бугарски клуб е нападнат, а членовите на тој клуб се повикани во полиција на распит. Тоа е основниот проблем, за какви и механизми да се залагаме, ако институциите не си ја вршат работата, нема да има резултати, додава Милков.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот