Косовскиот и албанскиот министер за одбрана, Ејуп Маќедонци и Пиро Венга / фото: Albanian Post

Бугарија е спремна да ѝ се приклучи на воената „алијанса“ на Албанија, Косово и Хрватска, тврди Маќедонци

„Имаме потврда од Бугарија, која претходно разговараше со хрватскиот министер за можноста за приклучување кон овој трипартитен договор“, изјави денеска косовскиот министер за одбрана Ејуп Маќедонци за „ТРТ Балкан“.

Маќедонци тврди дека Бугарија е подготвена да му се приклучи на воениот договор што неодамна го потпишаа Албанија, Косово и Хрватска.

Маќедонци рече и дека очекува кон овој договор да се приклучат и други земји од регионот.

„Имаме потврда од Бугарија, која претходно разговараше со хрватскиот министер за можноста за приклучување кон овој трилатерален договор, но јас целосно верувам дека и другите земји од регионот, особено оние кои споделуваат заеднички вредности со нас и, се разбира, заеднички интереси затоа што вредностите сами по себе не се доволни, ќе се приклучат на овој договор, односно на оваа декларација, која нагласувам секогаш цели кон мир, стабилност и безбедност“, рече косовскиот министер.

На 18 март во Тирана беше потпишан трилатерален меморандум од областа на одбраната меѓу министерствата за одбрана на Албанија, Косово и Хрватска. Овој потег го осуди официјален Белград, по што српските власти објавија дека ќе склучат сличен воено-безбедносен договор со Унгарија.

Одиме накај воен сојуз со Унгарија, вели Вучиќ

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот