Буфон по 20 години се врати во Парма, а соиграчите со кои го освои првиот трофеј одамна се пензионери и се татковци на негови соиграчи, политичари, тренери…

LUZ23-19990510- MOSCOW, RUSSIAN FEDERATION: Italian team AC Parma celebrates their victory in the UEFA Cup final against Olympique Marseille in Moscow, Wednesday 12 May 1999. Parma won 3-0. (ELECTRONIC IMAGE) EPA-PHOTO/EPA/Janek SKARZYNSKI/STF/js/gh/ow

Џанлуиџуи Буфон на залезот од кариерата се врати во клубот во кој ја започна истата.

Легендарниот италијански голман во својата кариера освои 29 трофеи, а денеска во 44. година од животот потпиша за клубот во кој и стана професионалец, Парма.
Буфон дебитираше во 1995 година на голот на Парма, а четири години подоцна го освои и првот трофеј во клубот. Во сезоната 1998/99 Парма предводена од тренерот Алберто Малезани триумфира во италијанскиот Куп, а потоа и во тогашниот Куп на УЕФА.

Тоа беше најава за голема кариера на Буфон која трае до денешен ден, а италијанските медиуми направија интересно истражување, ги побараа каде се сега неговите соиграчи со кои голманот го освои првиот трофеј. Тоа беше силен тим на Парма во кој играа имиња како Лилијан Турам, Фабио Канаваро, Хуан Себастијан Верон, Ернан Креспо, Енрико Киеза…

Интересно е што двајца поранешни соиграчи на Буфон од Парма, Турам и Киеза се горди родители на синови фудбалери кои до неодамна на делеа соблекувалната со легендарниот голман.
Со синот на Енрико, Федерико Киеза во 2018 година играше во  италијанската репрезентација, а една година подоцна во ПСЖ соблекувалната ја делеше со Маркус Турам, синот на легендарниот француски дефанзивец Лилијан.

Турам својата кариера ја заврши во 2008 година во Барселона по што се префрли во политиката. Тој како политичар беше голем критичар на поранешниот француски претседател Николас Саркози и се бореше за легализација на истополните бракови. Киеза кариерата ја заврши со 2010 година по што стана тренер но без поголем успех поради што одлучи да се повлече од фудбалот.
Дефанзивната линија на Парма во 1999 година покрај Турам ја сочинуваа и Нестор Сенсини и Фабио Канаваро.
Сенсини се пензионира во 2006 година, по што се префрли во тренерските води. Ги водеше екипите на Удинезе, Њуелс Олд Бојс и Колон но во 2012 година целосно се повлече од фудбалот.
Канаваро кој беше најдобар дефанзивец во своето време, се пензионира во 2010 година. Кратко потоа работеше како ТВ коментатор, а на фудбалот му се врати во 2014 година кога стана тренер на Гвангжу Евергранде. Едно време беше и селектор на Кина, но од 2019 година е посветен само на работата во Гвангжу.

Дино Баџо по Парма замина во Лацио и играше се до 2008 година кога се пензионира во нисколигашот Томболo. По завршувањето на кариерата не стана тренер, коментатор или агент, туку му се посвети на семејството.

Алан Богосјан во 2003 година се пензионира како играч на Еспањол, а моменто му е помошник на францускиот селектор Дидие Дешан на Евро 2020.

Диего Фузер кој е девет години постар од Буфон играше се до 2012 година, но во последните осум години настапуваше за аматерски екипи. Во 2012 година кога беше тренер во Пиемонте почина неговиот син по што се повлече од фудбалот и од јавниот живот.
Хуан Себастијан Верон играше фудбал се до 2017 година, а кариерата ја заврши во клубот во кој го одигра првиот професионален натпревар, Естудијантес. Прво започна тренерска кариера, но сега е спортски директор на Естудијантес.
Паоло Вани играше се до 2007 година по што беше тренер во младиските категории, а последните две години беше и технички директор во Интер.
Последното име од славната генерација на Парма е Ернан Креспо кој се пензионира во 2012 година. Веднаш стана тренер на вториот тим на Парма каде работеше се до 2019 година по што се врати во родната Аргентина. Прво беше тренер на Банфилд, а моментно е тренер на бразилскиот гигант Сао Паоло.  

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот