Бучковски: Тајната на успехот на Заев е во неговиот карактер и неговата „несовршеност“, но, пред се, неговата храброст

Владо Бучковски/ Фото: МИА

Зоран Заев е најдобриот претседател што го имал СДСМ во изминативе 30 години, вели во изјава за Фокус поранешниот лидер на СДСМ и премиер Владо Бучковски.

-Заев е најзаслужен за враќањето на СДСМ на власт, по 10 тешки опозициски години. Тој е најзаслужен за влезот на Северна Македонија во НАТО. Тајната на неговиот успех е неговиот карактер и неговата „несовршеност“, но, пред се, неговата храброст – изјави Бучковски.

Тој смета дека има 3 етапи од развојот на СДСМ, при што првиот е поврзан со Бранко Црвенковски, вториот со него и Радмила Шеќеринска и третиот со Заев.

-На СДСМ му треба проевропски лидер, затоа што тој ќе ги започне преговорите за членство во ЕУ. Му треба лидер, кој ќе продолжи со реформите во СДСМ, со демократизација на партијата и јакнење на неопосредната демократија – вели Бучковски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот