Брзи крадци „паднаа“ за еден ден

Во период од 10 јануари до 11 април годинава, осомничениот, со совладување препреки, влегол во три куќи во Велес и одзел поголем број подвижни предмети со намера истите противправно да ги присвои.

Продолжување на мерката притвор бара скопското Јавно обвинителство за двајца крадци од Скопје.

Тие на 20 мај годинава, околу 13 часот провалиле во куќа во Скопје прескокнувајќи ја оградата и влегувајќи преку гаражата во куќата.

Во една од собите пронашле и украле накит и часовници вредни 112.233  денари.

Истиот ден, околу 15 часот, обвинетите влегле во друга куќа, од каде украле накит, а демонтирале клима уреди и радијатори.

Набргу по кражбата се уапсени. Против нив поднесено е обвинение за тешка кражба.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот