Бронзен медал за таеквондистката Мила Рељиќ на отвореното првенство во Турција

фото: Македонски олимписки комитет

Македонската таеквондистка Мила Рељиќ освои бронзен медал на отвореното првенство во Турција во натпревар од Г2 ранкингот на светската таеквондо федерација, и воедно запиша нови поени за Олимписката ранкинг листа.

Рељиќ во првото коло беше слободна, поради одличната ранкинг позиција, во второто коло ја победи домашната натпреварувачка Румјеса Мазгал со 2:0 во рунди.

Во борбата за медал нашата натпреварувачка беше подобра од Париза Кучаксареи Жавади (Иран) со 2:1 во рунди (0:0, 1:3, 10:7).

Во полуфиналето поради повторна повреда на ногата која ја стекна и во Полска пред две недели, не успеа да ги одмери силите со Американката Макајла Гринвуд.

Во конкуренција на 29 натпреварувачки во Турција, единствена земја која на последната олимпијада имаше обезбедено А норма во сите женски категорија, ова е значаен успех.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот