Бројот на случаи во Турција надмина 300 илјади, лекарите се сомневаат во официјалните бројки

Вкупниот број на заразени со новиот коронавирус во Турција надмина 300 илјади, соопшти денеска Министерството за здравство на земјата, додека властите се обидуваат да го спречат новото брзо ширење на инфекцијата, лекарите се сомневаат во официјалните бројки на заразени и починати.

Турското Министерство објави дека во последните 24 часа се регистрирани 1538 нови случаи, а од почетокот на епидемијата има вкупно 301.348. Бројот на смртни случаи од оваа болест се зголеми за 68 пати, сега има вкупно 7445 починати лица.

Ердоган: Владата треба да ги засили епидемиолошките мерки

Претседателот Реџеп Таип Ердоган во петокот рече дека владата треба да ги засили епидемиолошките мерки за да го спречи зголемувањето на новите случаи на инфекција.

Прочитајте и...  Трамп: Израел и Судан ги нормализираат односите

Новиот значителен пораст на бројот на заразени во Турција предизвика тензии меѓу лекарите кои велат дека официјалните податоци го минимизираат размерот на ширење на болеста и политичарите кои ги обвинуваат здруженијата на здравствените работници за поткопување на напорите во борбата против епидемијата.

Дневно се пријавуваат околу 1.600 новозаразени и 60 смртни случаи, што е значително помалку отколку во екот на епидемијата во април, но тие бројки постојано растат и просечниот дневен биланс на смртни случаи сега е трипати поголем отколку во јуни-август.

Турските лекари на протест со транспаренти со црни панделки/ Фото: EPA-EFE/TOLGA BOZOGLU

Лекарите се сомневаат во официјалните бројки на заразени и починати

Лекарите во Турција оваа недела носеа црни панделки во спомен на нивните починати колеги, а протестот вклучува и кампања на социјалните мрежи со порака до владата: „Вие не знаете како да управувате со кризата: исцрпени сме“.

Прочитајте и...  Путин: Гледаме закрепнување во голем број сектори

Многу лекари ги доведуваат во прашање официјалните бројки на заразени и смртни случаи од ковид-19, тврдејќи дека иако немаат свои независни податоци за целата држава, размерот што го гледаат на локално ниво не е во согласност со пошироката слика претставена од владата.

Поврзани вести

Стопанските комори на Западен Балкан со апел до владите за воспоставување „зелени линии” за брз проток на работници

Слободен печат

Филипче: Амди Бајрам имаше комплексна здравствена состојба

Слободен печат

Филипче и одговори на опозицијата: Нема да поднесам оставка

Слободен печат

Ќамил Рушити е назначен за координатор на кичевското Муфтиство

Слободен печат

Дачиќ: Немам желба за извршна власт

Слободен печат

Во Египет денеска и утре се гласа за половина од пратениците

Слободен печат

Остави Коментар