Бројот на нуклеарни боеви глави подготвени за лансирање е еднаков на „повеќе од 135.000 бомби како таа фрлена врз Хирошима“

Фото: EPA/JEON HEON-KYUN

Бројот на нуклеарни боеви глави подготвени за лансирање се зголеми минатата година, се нагласува во извештај објавен денеска од норвешка невладина организација.

Од почетокот на оваа година, државите кои официјално објавија дека поседуваат нуклеарно оружје и оние за кои постои сомневање дека го поседуваат имаа 9.576 нуклеарни боеви глави подготвени за лансирање – што е еднакво на „повеќе од 135.000 бомби како онаа фрлена врз Хирошима“ се вели во извештајот на норвешката невладина организација „Норвешка народна помош“ (Norsk Folkeshjelp).

Во саботата рускиот претседател Владимир Путин објави дека постигнал договор со Минск за распоредување тактичко нуклеарно оружје на територијата на Белорусија.

Минатата година вкупниот број на нуклеарни боеви глави подготвени за лансирање се зголеми за 136 поради зголемувањето во Русија, Кина, Индија, Северна Кореја и Пакистан, се наведува во извештајот на норвешката организација.

„Ова зголемување е алармантно и е продолжение на трендот што започна во 2017 година“, изјави претставник на Норск Фолкешјелп.

Осумте земји кои официјално објавија дека поседуваат нуклеарно оружје се САД, Русија, Велика Британија, Франција, Кина, Индија и Пакистан, а Израел се претпоставува дека поседува такво оружје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот