Брнабиќ за инцидентот кај Штрпце: И на православната света ноќ Србите на Косово не се безбедни

Српската премиерка Ана Брнабиќ остро го осуди последниот инцидент на Косово и побара од меѓународната заедница веднаш да реагира и да ги изведе пред лицето на правдата одговорните за денешниот напад врз српските деца во Готовуша.
– И на православната света ноќ Србите во Косово не се безбедни. Најостро го осудувам ова грозоморно злосторство и барам од меѓународната заедница веднаш да реагира и да ги изведе виновниците пред лицето на правдата. Ова е уште еден во низата страшни инциденти кои ја покажуваат сериозноста на условите во кои секојдневно живеат Србите на Косово и Метохија – наведе Брнабиќ на Твитер.
Премиерката на Србија рече дека кога редовното и систематско насилство постојано се потценува, тогаш екстремизмот брзо се шири од разочараното раководство во поширокото општество, а злосторствата стануваат вообичаен факт од секојдневниот живот на угнетените.
Таа го означи Косово со хаштагот „последното европско гето“.