Фото: EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Брнабиќ: Според 50 отсто обработени избирачки места СНС во моментов има 47,1 отсто

Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ во обраќање од седиштето на Српска напредна партија (СНС) соопшти дека според 50 проценти од обработените примероци, листата „Србија не смее да запре“ има 47,1 отсто.

Таа ги демантираше изборните нерегуларности, прикажувајќи ги насловните страници на медиумите и принтскринови од социјалните мрежи,

„Белградската арена е глупост од неверојатни размери“, повтори Брнабиќ и додаде дека избирачкиот список е усогласен со оној од минатата година.

За резултатите во Белград, Брнабиќ рече дека само што почнуваат да пристигнуваат првите резултати и свесна е дека опозицијата има план таму да прогласи победа, иако гласовите се уште не се преброени.

Во Србија денеска се одржуваат вонредни парламентарни, покраински и локални избори.

На 8.273 избирачки места правото на глас можеа да го остварат 6.500.666 запишани избирачи. Избирачките места беа отворени од 7 до 20 часот.

Затворени избирачките места во Србија, граѓаните кои чекаат на ред можат да гласаат и по 20 часот

Претставниците на опозициските листи изјавија дека граѓаните на Република Српска со организирани автобуси биле донесени во белградската Штарк Арена, од каде потоа биле однесени на избирачките места каде што гласале. Претставниците на Републичката изборна комисија (РИК) и премиерката Ана Брнабиќ изјавија дека се државјани на Србија, кои се запишани во избирачкиот список.

Коалицијата „Србија против насилство“ на социјалните мрежи објави снимка од средба со претставници на Министерството за внатрешни работи во врска со можна реакција на резултатите, при што еден од присутните „ја пренесе пораката на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, дека ќе ги признае изборните резултати во Белград доколку победи опозицијата“.

Невладините организации и набљудувачите на изборите констатираа дека се забележани и бројни други нерегуларности, како што е „бугарскиот воз“, водење паралелни листи, можно купување гласови, јави Бета.

Набљудувачи на организацијата Црта биле нападнати во Оџаци на кои непознати лица им ги скршиле стаклата на автомобилот откако забележале наводно вадење на гласачки ливчиња од избирачкото место и однесени во партиските простории.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот