Брнабиќ: Отворањето на кластерот е признание за Србија, за зелената преродба 10 милијарди евра

epa-efe
Ана Брнабиќ /Фото: EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Отворањето на кластерот четири во преговорите за членство со Европската унија е големо признание за Србија, изјави во Брисел премиерката на Србија Ана Брнабиќ и посочи дека за економската, енергетската и целта за заштита на животната средина ќе бидат потребни околу десет милијарди евра за Србија да се усогласи со трансформирањето во ЕУ во наредните децении.

Ана Брнабиќ тоа го изјави на прашање на агенцијата Бета за тоа колку финансиски средства се неопходни за „зелената трансформација” на економијата и зачувување на животната средина, откако денеска на меѓувладината конференција ЕУ-Србија беше отворен кластерот четири Зелена агенда и одржлива поврзаност кој опфаќа четири поглавја – Транспортна политика, Енергетика, Транс-европски мрежи и Животна средина и климатски промени.

Српската премиерка посочи дека со новата методологија за проширување на ЕУ сега се премина на политичко управување со процесот и нагласи дека српските власти имаат средства да продолжат со реформите, особено во областа на владеењето на правото, како и заштитата на животната средина и енергетска транзиција.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот