Брнабиќ не можела да спие поради формулацијата „Република Косово“ на веб-страницата на нејзината влада

Ана Брнабиќ, премиерка на Србија/Фото: Скришот

Премиерката на Србија Ана Брнабиќ ја нарече „груба грешка“, поради која не можела да спие, објавата на формулацијата „Република Косово“ на веб страницата на нејзината влада што предизвикало жестоки реакции во тамошната јавност.

Спорната формулација на владината веб страница се појавила во англиската верзија на извештајот од минатонеделната парламентарна расправа за Косово.

– Ноќеска не можев да спијам. Не знам што да правам. Да се самоубијам? Тоа не можам да го сторам. Но, многу ми е жал што дел од опозицијата тоа го користи за собирање политички поени – изјавила Брнабиќ за РТС.

Таа објаснила дека грешката, која многу брзо била отстранета и која, според неа, претставувала голем дисциплински прекршок, ја направил искусен преведувач на англискиот јазик.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот