Брнабиќ: ЕУ не може да дозволи со „квазибилатерални“ проблеми да се блокираат соседи

Српската премиерка Ана Брнабиќ / Фото EPA-EFE/EKATERINA SHTUKINA / SPUTNIK / GOVERNMENT PRESS SERVICE POOL MANDATORY CREDIT

Српската премиерка Ана Брнабиќ по вчерашната меѓувладина конференција со ЕУ во Луксембург, изјави дека постои опасен преседан кога станува збор за билатералните прашања. Според неа, овие прашања немаат поврзаност со европските интеграции и се поставуваат за да може на соседните земји на Србија да им се стави вето. Брнабиќ смета дека во иднина ваквиот преседан може да опасен кога ќе е користен и од други земји членки на ЕУ, додавајќи дека тоа е проблем со кој треба да се соочи Унијата, а не земјите-кандидати.

„Сè нешто може да биде ограничувачки фактор за блокада. Видовме преседани дека некои пар екселанс билатерални прашања кои немаат никаква врска со европските интеграции на една земја се поставуваат како непробоен ѕид на патот на европските интеграции на некоја друга наша соседна држава. Мислам дека тоа е опасен преседан и дека, за жал, можеби ќе биде користен од некои други членки на ЕУ. Мислам дека тоа не е европска вредност. Јас, како загрижен Европеец, верувам во европски вредности и во нашиот европски пат и без оглед на тоа дали ќе бидат отворени или затворени поглавја, дали ќе има позитивни сигнали, ние ќе продолжиме со реформите. Е сега, ако ЕУ сака да стане такво семејство на нации во кое некои држави членки ќе условуваат некои други земји, иако тие имаат сè исполнето, со решавање на некакви билатерални прашања или квазибилатерални проблеми, тогаш тоа е проблем на ЕУ, и тоа се работи со кои ниту можам, ниту сакам да се занимавам“– изјави српската премиерка по состанокот.

Покрај ова, вчера во Луксембург се одржи и состанокот на Советот за општи работи на ЕУ. На овој состанок Бугарија го потврди ветото со кое би се означиле почетоците на преговорите со Северна Македонија. Тие соопштија дека ветото за Северна Македонија останува се дури не бидат исполнети условите, иако Европската комисија предложи започнување на преговори без услови уште пред две години.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот