Британските разузнавачи ја проценуваат заканата од тероризмот

Британска полиција/Фото: EPA/ANDY RAIN

Британските власти за денес свикаа состанок на владиниот комитет за итни случаи, наречен КОБРА, на кој се планира да се разговара за безбедносните ризици кои произлегуваат од конфликтот меѓу Израел и Хамас.

По убиствениот напад на Хамас врз Израел на 7 октомври, кој предизвика одмазда во Појасот Газа, во Велика Британија се зголемени случаите на антисемитизам и исламофобија.

Во Лондон и во други градови беа одржани огромни пропалестински протести, додека еврејските групи организираа мирен собир за 239-те израелски заложници кои ги држи радикалната исламистичка сунитска група.

„Треба да бидеме сигурни дека британските системи се безбедни и заштитени од терористичка закана, како што тоа секогаш го прави владата“, изјави секретарот за високо образование Роберт Халфон за Тајмс радио.

Британската разузнавачка агенција МИ5, задолжена за внатрешна безбедност, смета дека заканата од тероризмот во моментов е значајна, што значи дека е веројатен терористички напад или дека може да следи.

Постојат две повисоки категории на ниво на закана: сериозен, што значи дека нападот е многу веројатен, додека критичната закана значи дека нападот е многу веројатен во блиска иднина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот