Британскиот „Вог“ на посебен начин ќе ја одбележи 70-годишнината од владеењето на кралицата Елизабета Втора

кралица елизабета втора
Фото: Принтскрин/Инстаграм/britishvogue

Кралицата Елизабета Втора оваа година го слави својот платинест јубилеј, 70-годишнина од стапувањето на англискиот трон по смртта на нејзиниот татко Џорџ Шести.

На најдолговечната владетелка, која во април годинава ќе го прослави својот 96-ти роденден, на посебен начин ѝ оддаде почит и најпознатиот моден магазин во светот, „Вог“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by British Vogue (@britishvogue)

Со оглед на тоа што наскоро ѝ е роденден, но и платинестиот јубилеј, „Вог“ на насловната страница на априлското издание ќе објави фотографија од кралицата од младоста. Инаку, ова е воедно и првпат кралицата Елизабета Втора да се појави на насловната страница на ова списание.

Станува збор за фотографија на кралицата направена во 1957 година, пет години по почетокот на нејзиното владеење на која таа позира со дијамантска дијадема која всушност била направена за кралот Џорџ Шести.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by British Vogue (@britishvogue)

Како што беше најавено, априлското издание на британскиот „Вог“ излегува со двојна насловна страница. На едната е кралицата Елизабета Втора, додека на другата насловна ќе биде актерката Ања Тејлор-Џој, ѕвездата на познатата серија „The Queen’s Gambit“ која модниот свет ја обожава поради нејзиниот префинет моден стил.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by British Vogue (@britishvogue)

Британската јавност се надева дека кралицата Елизабета Втора ќе се појави на комеморацијата за нејзиниот покоен сопруг, принцот Филип, која треба да се одржи следната недела. Оваа загриженост доаѓа откако 95-годишната кралица ги откажа сите јавни ангажмани на почетокот на овој месец.

Здравјето на кралицата е во центарот на вниманието откако таа помина една ноќ во болница во октомври минатата година поради недијагностицирана болест, а потоа нејзиниот медицински тим ја советувал да одмара. Таа се зарази со ковид-19 во февруари, но за среќа имала само благи симптоми во вид на настинка.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by British Vogue (@britishvogue)

Бакингемската палата ги објави деталите за комеморацијата која ќе се случи на 29 март во Вестминстерската опатија во Лондон во знак на благодарност за придонесот на принцот Филип во јавниот живот. Сопругот на кралицата, принцот Филип, почина на 99-годишна возраст во април 2021 година.

Инаку, на Елизабета воопшто не ѝ било судено да стане монарх по раѓање, туку станала кралица само затоа што нејзиниот вујко Едвард Осми абдицираше за да биде со разведената Американка Волис Симпсон.

Елизабета ја престигна Викторија во 2015 година за најдолгото владеење на Британија чие потекло датира од времето на норманскиот крал Вилијам Први и неговото освојување на Англија во 1066 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот