Британскиот „Сан“ не верува дека Македонија ќе ја помине групата на ЕП!

Фото: ФФМ/facebook.com/footballfederationofmacedonia

Се ближи стартот на Европското првенство, а ние секако особено сме возбудени поради деби настапот на македонската А репрезентација.

„Црвено-жолтите“ предводени од селекторот Игор Ангеловски се во групата со Австрија, Украина и Холандија.

Британскиот таблоид „Сан“ ги споделува своите предвидувања околу тоа кои селекции имаат поголеми шанси да ја поминат групната фаза.

Изворот не верува дека Македонија ќе биде меѓу репрезентации кои ќе се најдат во следната фаза и очекува да биде елиминирана, но не се сомнева дека ќе биде доста интересно и драматично во сите групи.

– Се чини дека ова е исклучително конкурентна група помеѓу три посилни репрезентации, особено откако Вирџил ван Дајк нема да биде дел од ЕП.

Македонија одлично се справи за да се квалификува и ќе биде задоволна од тоа како достигнување – иако ја изненади Германија во квалификациите за Светското првенство во март, така што нејзиниот потенцијал не треба да се потценува – пишува „Сан“.

Покрај Македонија, изворот вели дека групата нема да ја поминат уште Велс, Финска, Чешка, Словачка, Унгарија, Русија и Австрија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот