Британски експерт открива дали треба да носиме заштитна маска кога сме надвор

Фото: EPA-EFE/PETER FOLEY

По улиците во Скопје, ширум Македонија, но и во светот, луѓето и на пат до продавница носат заштитни маски на лицето поради пандемијата со коронавирусот. Професорот Ричард Пебоди го изнесе своето мислење за маските, пренесува Експрес.

Мислењата околу носењето заштитни маски се поделени. Доктор Ричард Пебоди, водач на тимот на Европската Светска здравствена организација, се обиде да објасни одредени нејаснотии кога станува збор за носењето маска надвор.

Во разговор за Скај њуз Пебоди вели дека маските се навистина важни како лична опрема на здравстевните работници, како би се осигурала нивната заштита.

– Маските може да играат значајна улога кај заболените од ковид-19 вирусот, но нема докази дека се корисни за општата популација. Носењето маска може да ви помогне во купување на време за да се намали бројот на заболени во одреден момент, со цел здравствениот систем да може да дише – истакнал тој.

Според Пебоди, сега е многу поважно да се грижите за хигиената и да се придржувате до мерката за социјална дистанца.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот