Британската јавност на нозе: Дали првата службена средба на скараните браќа, Меган и Хари вешто ќе ја избегнат?

Британците стравуваат дали за две недели браќата кои во последно време не се во добри односи ќе се сретнат очи во очи на Денот на примирјето, кој ја прекина Првата светска војна.

Сè поизвесно е дека принцот Хари (35) и Меган Маркл (38) мораат да се соочат со принцот Вилијам (37) и Кејт Мидлтон (37) на овогодишниот Ден на сеќавањето и примирјето, кој се одбележува на 10 ноември ширум светот.

Би било тоа прва јавна средба, откако беше прикажан документарниот филм на ITV телевизијата „Хари и Меган: Африканско патување“, во кое принцот Хари го прикажа, меѓу останатото, и својот однос со братот.

Минатата година, кога односите, барем за јавноста, беа идилични, принцовите Хари и Вилијам заедно со сопругите, ѝ се придружија на кралицата Елизабета Втора, премиерката и останатите членови на кралското семејство на случувањето организирано во Вестминистерската опатија.

Сигурно сите ќе ги набљудуваат и ќе проучуваат под лупа како сето тоа ќе изгледа оваа година.

Двете најпознати британски семејства – Сасекс и Кембриџ последен пат службено се дружеа во јули оваа година кога беше одржано крштевањето на малиот Арчи.

Иако уште тогаш се чувствуваше напнатост во воздухот, што можеше да се забележи и на „киселите насмевки“ на фотографиите, сè дополнително се комплицираше по објавувањето на документарецот, во кој принцот Хари изјави:

„Неизбежно е да се доживеат судири кога сте дел од оваа улога, од ова семејство и кога се наоѓате под притисок на јавноста. Но ние сме браќа и секогаш ќе бидеме. Во моментов секој од нас има поинаков пат, но јас секогаш ќе бидам тука за него, како што знам дека и тој ќе биде тука за мене“, изјави војводата од Сасекс.

Од друга страна, Бекингемската палата сака семејството за таа прилика да биде заедно, па токму затоа, барем за јавноста, ја „измазнија“ целата приказна и ги смирија страстите.

Википедија/Викимедија

Она што сите секако ги интересира е дали принцот Хари и Меган Маркл навистина ќе се појават на тој важен настан за кралското семејство.

Имено, веќе е најавено дека во ноември принцот Хари и војвотката од Сасекс, заедно со синчето Арчи би требало да отпатуваат во Америка, со цел со мајката на војвотката, Дорија Рагланд да го прослават Денот на благодарноста.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот