Принцот Хари конечно ПРИЗНА дека не е во добри односи со Вилијам (ФОТО+ВИДЕО) – Слободен печат
ЕспресоШоу биз

Принцот Хари конечно ПРИЗНА дека не е во добри односи со Вилијам (ФОТО+ВИДЕО)

Вилијам и јас тргнавме по различни патишта. Браќата имаат добри и лоши денови!

Кога принцот Хари ја запозна Меган Маркл пред три години, започнаа и шушкањата дека тој се дистанцирал од остатокот на кралското семејство, па дури и од братот Вилијам. За јавноста, тоа беше малку чудно, бидејќи синовите на починатата принцеза Дијана и принцот Чарлс уште од детството се неразделни.

Сега помладиот брат, во интервјуто за британскиот „ITV“ ги потврди шушкањата и кажа дека не е во најдобри односи со братот.

Вилијам и јас тргнавме по различни патишта. Браќата имаат добри и лоши денови – изјави Хари.

View this post on Instagram

Princess Diana, your little boys are all grown up! I know you must be smiling down from heaven! Thank you for being such a wonderful role model not only to your sons but to women all over the world. You are still my point of reference when I think about a woman who used her platform to make a difference in the lives of others. May your soul continue to guide your sons and your life continue to be a point of inspiration to all. Princesa Diana, seus meninos cresceram! Eu sei que você deve estar sorrindo aí do céu! Obrigada por ser esse modelo maravilhoso não apenas para seus filhos, mas para as mulheres do mundo todo. Você ainda é minha referência quando penso em uma mulher que usou sua plataforma para fazer a diferença na vida de outros. Que sua alma continue a guiar seus filhos e sua vida continue a ser inspiração à todos. #merepresenta #ladydiana #princess #royalwedding #meganmarkle #harryprince #repost

A post shared by Veruska Vicente (@vevicente) on

Иако палатата секогаш негира било какви гласини за несогласувањата меѓу Хари и Вилијам, тој сепак изјави дека стиловите на живот, желбите и верувањата, негови и на братот Вилијам многу се разликуваат. Изјави и дека ретко се гледаат и дека не е чудо што нивниот однос поради големиот семеен и медиумски притисок се променил.

Дел од оваа улога која ние ја играме е носењето на огромен притисок. Неизбежно е да дојде до кавга. Но гледајте, ние секогаш ќе бидеме браќа, јас секогаш ќе бидам тука за него, како што знам дека и тој ќе биде за мене, изјави Хари.

Наводно, до кавга дошло поради тоа што Вилијам не бил воодушевен од идејата Хари де се ожени со Меган.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close