Британка лажно обвинила мажи за силување, доби 8,5 години затвор

Британска полиција/ Фото:ЕПА

Судот во англискиот град Престон ја осуди 22-годишната Елинор Вилијамс на осум и пол години затвор бидејќи лажно обвинила група Азијци за силување и трговија со луѓе. Вилијамс објави фотографии од нејзините повреди на социјалните мрежи, тврдејќи дека тие се резултат на физички напад, што предизвика протести во нејзиниот роден град Бароу.

Во текот на судењето било откриено дека девојката си ги нанела раните со чекан. За време на дводневното рочиште беше кажано дека тројцата мажи, кои беа лажно обвинети од Вилијамс, се обиделе да си ги одземат животите откако претрпеле „пекол на земјата“, пишува Би-би-си.

Судијата Роберт Алтам рече дека Вилијамс имала тешкотии уште од детството и историја на самоповредување. Сепак, тој истакна дека нејзините наводи се крајно сериозни и загрижува тоа што „нема значителен знак на каење“ и „нема објаснување зошто обвинетиот ќе ги направи овие дела“.

„Таа отиде во извонредни напори за да создаде лажни наводи, вклучително и предизвикување значителна штета“, додаде судијата.

Лажните наводи резултираа со „состојба на зголемена тензија“ во Бароу, при што полицијата ги опишува турбуленциите како нешто што не се видело во градот со децении.

На социјалните мрежи им се закануваа полициски службеници, а протести беа организирани и пред полициската станица. На протестите се појави и Томи Робинсон, основачот на Англиската одбранбена лига, екстремно десничарска организација.

„Полицијата беше под притисок на оние кои веруваа дека се соучесници во прикривање од една страна и оние кои се чувствуваа небезбедни во рацете на будни лица од друга страна“, објасни судијата Алтам.

Пред судијката Алтам да започне со изрекувањето на пресудата, одбраната прочита писмо од обвинетата во кое таа вели дека знаела дека „згрешила“ и дека „се извинува“, но не ја прифаќа вината. Вилијамс во писмото тврди дека е „уништена од неволјата предизвикана“ од нејзината објава на Фејсбук.

„Да знаев какви последици ќе има статусот, никогаш немаше да го напишам“, вели обвинетата. Сепак, таа се брани дека „ништо што се случило во заедницата не било поттикнато од неа и нејзиното семејство бидејќи тие не сакале ни Томи Робинсон во градот“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот