Британија веќе нема да ги објавува податоците околу нови ковид-случаи
Агенцијата за здравствена безбедност на Обединетото Кралство (УКХСА) денеска објави дека на почетокот на јануари ќе престане да објавува статистички податоци за коронавирусот на двонеделна основа.
Препорачано
Статистиката што ја покрива стапката на раст на вирусот моментално се објавува на секои две недели, но агенцијата вели дека тоа повеќе не е потребно, објави Би-Би-Си. Агенцијата додаде дека ковид ќе продолжи да се следи на други начини.
Д-р Ник Воткинс, кој е задолжен за објавување на податоците, рече дека тоа е затоа што Велика Британија живее со коронавирусот преку вакцини и потребните терапии.
Стапката на репродукција, позната како стапка „Р“, се однесува на бројот на луѓе на кои заразено лице ќе го пренесе вирусот.
Во екот на пандемијата на коронавирусот, и стапката „Р“ и стапката на раст за Англија се објавуваа неделно, а од април оваа година се објавува на две недели.
Д-р Воткинс рече дека стапките служат како корисен и едноставен индикатор за информирање на активностите за јавно здравје и владините одлуки.
– Вакцините и терапиите ни овозможија да преминеме во фазата во која живееме со Ковид-19 – рече Воткинс.


