Британецот Џеј Кларк победник на АТП Челинџер турнирот во Скопје
Британскиот тенисер Џеј Кларк (26) е победник на годинашново издание на АТП Челинџер 75 турнирот Macedonian Open во Скопје откако во финалето кое траеше 84 минути го победи квалификантот Нермин Фатиќ од Босна и Херцеговина со 2:0 во сетови 6:2, 6:3.
Препорачано
За триумфот на турнирот Кларк освои 75 поени и 1920 евра, додека Фатиќ 44 поени и 7.620 евра.
Ова беше најкраткиот меч за Кларк во Скопје (84 минути), а сите меча ги доби со 2:0 во сетови, иако притоа имаше победи против Хуго Делиен (прв носител), Жоел Шварцлер (лански победник на турнирот) и Педро Качин.
И додека на Централниот терен се играше финалето во сингл конкуренција на теренот број 5 се играше финалето во конкуренција на двојки. Со пресврт триумфот стигнаа тенисерите од Чешка Ендрју Полсон и Михаел Врбенски, кои со 2:6, 6:4, 10:6 ги победија Срирам Балаџи и Мигуел Рејес-Варела (Индија/Мексико). Финалниот меч во двојки траеше 82 минути.
Поради дождот двата финални меча се играат на различни терени и доцнеа со почетокот речиси три часа, а и двата завршија приближно во исто време кога повторно дождот се беше присутен, но беше пречка за да заврши церемонијата на доделување на медалите.



