Бремена шпанска туристка со хеликоптер спасена од „албанските Алпи“

unsplash
Планина. / Фото: Архива на Слободен печат

Шпанска туристка во шестиот месец од бременоста е спасена во Националниот парк Тет во Албанија благодарение на навремената интервенција на екипата на хеликоптерската спасувачка единица која ја евакуирала од патеката каде пешачела и имала незгода.

Добрата вест ја соопшти министерката за здравство и социјална заштита Огерта Манастирлиу која рече дека бремената планинарка е надвор од животна опасност, благодарение на медицинската грижа која ја добила од здравствениот персонал во албанските спасувачки служби“.

Пилотите на хеликоптерската единица и во текот на оваа летна сезона продолжуваат да бидат брзи и експедитивни во спасувањето на животи во летувалишта на приморјето но и во планинските тешко пристапни области.

Во текот на оваа сезона се спасени 38 туристи на „албанските Алпи“ и во крајбрежните туристички области.

Низ целата држава медицинските екипи се во состојба на готовност во текот на целата летна сезона.

Во меѓувреме, во Албанија постојат 30 сезонски здравствени домови кои нудат услуги, посети, консултации, третмани од страна на добро обучен здравствен персонал за справување со итни случаи, кој располага со доволни залихи на лекови и медицински материјали.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот