Брегу: Регионалната интеграција не може да напредува без европската

Регионалната интеграција не може да напредува без европската интеграцијак изјави денеска во Женева генералната секретарка на Регионалниот совет за соработка, Мајлинда Брегу.

Зборувајќи по состанокот на лидерите на Западен Балкан, Брегу рече дека поради тоа предизвикот е сега поголем и дека шесте земји од регионот, очекувајќи појасна слика за проширувањето на ЕУ, сепак, треба да ја засилат регионалната соработка. Сите треба добро да разберат што се случува со процесот на регионалната соработка, зашто забуна во тој поглед може да ја загрози, вели Брегу.

-Побрзиот економски раст на Западен Балкан лежи во создавање единствен пазар или регионален економски простор како што ние го нарекуваме. Ако прекуграничната координација во регионот го достигне европскот просек, Западен Балкан на годишна основа би заштедел 800 милиони евра или околу еден отсто од БДП на регионот. Функционален регионален економски простор им помага на економиите да бидат многу поконкуренти, иновациите побрзо да се шират на обединетиот пазар, а кога зборуваме за Западен Балкан тоа е пазар од 18 милиони луѓе”-рече Брегу.

Регионалнито совет за соработка денеска потпиша Меморандум за соработка со Светскиот економски форум, кој ги собра лидерите на Западен Балкан, што според Брегу ќе ја помогне регионалната интеграција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот