Генералната секретарка на Советот за регионална соработка (РСС) Мајлинда Брегу /Фото: EPA-EFE/SALVATORE DI NOLFI

Брегу: На Западен Балкан му треба поволна инвестициска средина

Генералниот секретар на Регионалниот совет за соработка (РСС), Мајлинда Брегу изјави дека на Западен Балкан му треба поволна инвестициска средина за да привлече долгорочни инвестиции и да спречи економиите во регионот да останат без млади луѓе.

Во интервју за македонскиот медиум КДП, Брегу рече дека моментално вниманието е насочено кон тоа шесте економии од Западен Балкан да ги ратификуваат договорите што беа постигнати во ноември на самитот на Берлинскиот процес што се одржа во главниот град на Германија. известува РСС, пренесува Нова рс.

Лидерите на шесте земји од Западен Балкан тогаш потпишаа три договори во Берлин, за патување со лични карти, за признавање на универзитетски дипломи и за признавање на лиценците на лекарите, стоматолозите и архитектите.

„Од моментот кога почнавме да преговараме за договорот, ги слушавме приказните на луѓето за нивните искуства. Граѓаните едвај чекаат да ги посетат членовите на семејството, да го прошират својот бизнис и да патуваат без никакви формалности и визни пречки“, рече Брегу.

Генералниот секретар на РСС, чија цел е промоција и реализација на напредокот на европската и евроатлантската интеграција на Југоисточна Европа, рече дека Албанија и Косово* ги завршиле сите процедури, дека Северна Македонија неделава доставила договори до парламентот, дека Црна Гора и Србија усвоиле договори на владино ниво и дека сега се очекува ратификација во парламентот, а Босна и Херцеговина е во фаза на ревизија на договорот. Брегу зборуваше и за Декларацијата за роаминг меѓу Европската Унија и Западен Балкан, потпишана во декември на самитот во Тирана.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот