Брегу: Дури 72 отсто од туроператорите во Западен Балкан чекаат помош од владите

– Околу 20 отсто од туристичките агенции на Западен Балкан престанале со работа, 42 отсто ги кратат трошоците и отпуштиле дел од вработените, додека 41 отсто имаат доволно ресурси да ја оддржуваат нормално работата за време од максимум три месеци.

Овие резултати ги објави денеска генералната секретарка на Регионалниот совет за соработка Мајлинда Брегу, прецизирајќи дека се прелиминарни од спроведеното истражување што го направила оваа организација во регионот, за да ги утврди последиците од корона кризата.

Со оглед дека сами тешко можат да се изборат со вакви околности, околу 72 отсто од агенциите и операторите во секторот туризам во регионот, очекуваат помош од своите влади,  се наведува во прелиминарните резултати од истражувањето на Регионалниот совет за соработка

Загубите ќе бидат големи додаде Брегу, имајќи предвид дека туризмот придонесува во БДП на Западен Балкан со 10,2 отсто, а 11,4 отсто од сите вработувања се во секторот туризам и патувања.

Брегу апелира на создавање единствен фронт за надминување на овие последици со мерки какви што се заедничко рекламирање и промоција и олеснување или укинување на визните процедури.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот