ФК Брегалница

Брегалница дојде до врвот во Втората лига, штипјани ги искористија киксовите на Шкендија и Охрид

Во рамките на 24. коло од Втората македонска фудбалска лига беа одиграни неколку интересни натпревари, а најубедлив беше триумфот на Брегалница, која со високи 6-1 го декласираше Големо Коњари.

Тимот од Штип уште во раната фаза ја реши дилемата околу победникот, постигнувајќи три гола во период од само две минути, стрелци беа Капсаров, Михолов и Калпачки. Голгетерската серија продолжи со погодокот на Мемеди за 4-0, додека во второто полувреме мрежата повторно ја затресоа Михолов и Бојџиев.

Шкендија Арачиново испушти триумф на гостувањето кај Осогово во Кочани, откако домаќините израмнија во самиот финиш за конечни 1-1. Со ист резултат заврши и дуелот меѓу Саса и Охрид во Македонска Каменица, па и двете екипи мораа да се задоволат со по еден бод. Од фаворитите победа забележа уште Скопје кој беше подобар од Новаци со 1-0 на гостински терен.

Табела: Брегалница 55, Охрид 53, Скопје 53, Шкендија А. 53, Беласица 48, Детонит Плачковица 44, Осогово 44…

Останати резултати:

Кожуф – Слога Виница 5-2
Победа – Беласица 0-5
Тетекс – Преспа 2-0
Вардар Неготино – Детонит Плачковица 0-3

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот