Бред Пит ја тужи Анџелина Џоли: Актерот бил шокиран од нејзината постапка

анџелина џоли
Бред Пит и Анџелина Џоли / Фото: EPA-EFE

Бред Пит ја тужи својата поранешна сопруга Анџелина Џоли, обвинувајќи ја дека незаконски го продала нејзиниот дел од нивниот француски имот „Château Miraval“, пренесуваат странските медиуми.

Што се случува со винаријата на Бред Пит и Анџелина Џоли? Актерот има интересни планови за имотот

Имено, Пит тврди дека се договориле никој да не го продава својот дел од имотот без согласност на другиот. Ѕвездата на „Fight Club“ во тужбата тврди дека иако лозјето во замокот станало „неговата страст“, ​​Џоли дрско го продала својот дел на рускиот бизнисмен Јури Шефлер без негова дозвола.

„Џоли продала дел од имотот без знаење на Пит, ускратувајќи му го правото на нејзиниот поранешен сопруг да се согласи и правото на откуп… Таа го продаде својот дел иако знаеше дека рускиот бизнисмен ќе се обиде да го контролира неговиот дел од имотот и бизнисот на кој Пит се посвети, со што ќе ја поткопа понатамошната инвестиција на Бред во имотот“, стои во тужбата поднесена во Високиот суд во Лос Анџелес.

џоли пит миравал
 Француски имот „Château Miraval“ / Фото: EPA/MAXPPP

Својата љубов кон грозјето и виното Пит ја претвори во мултимилионски бизнис

Францускиот имот се наоѓа во регионот помеѓу Прованса-Алпи-Азурен брег во југоисточниот дел на Франција. Вилата со 35 соби е опкружена со прекрасни градини со езерце, фонтани, аквадукти, капела и лозје во кои Пит вели дека вложил многу пари.

Џоли и Пит го купија имотот во 2008 година за 28,4 милиони долари, со намера таму да ги одгледуваат своите деца и да изградат семеен бизнис со вино. Парот се венча таму во 2014 година, за на крај да се разведат пет години подоцна.

И додека нивниот бурен развод конечно заврши, двојката сè уште е вмешана во судски борби околу старателството над децата и нивниот заеднички имот. Имено, Пит својата љубов кон грозјето и виното ја претвори во мултимилионски бизнис и стана еден од водечките светски производители на розе вино.

Profimedia
Фото: Profimedia

Судските документи наведуваат дека до 2013 година „Џоли целосно престанала да учествува“ во реставрацијата на замокот, додека Пит „продолжил да инвестира милиони долари, што изнесува приближно 70 отсто од инвестицијата во „Château Miraval“.

Во јануари 2021 година, „Џоли писмено го известила Пит дека со тешко срце донела одлука. Џоли објаснила дека го купила имотот со Пит со цел да развијат „семеен бизнис“ и како место за кое верувала дека таму „ќе остарат“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот