Брдаровски во Скопски агол: Поставувањето на вендинг машини за селекција на отпад е примамлива понуда за граѓаните

Македонија доцни цели 50 години во посставување вендинг машини за селектирање отпад и поврат на средства. Кога да ги очекуваме првите вакви машини во Скопје и републиката, денеска во „Скопски агол“ на „Утрински брифинг“ зборуваше маркетинг менаџерот на Пакомак, Ико Брдаровски.

– Во соработка со Фондот за иновации и технолошки развој сме во процес за поставување на вендинг машини. Планираме на почетокот на следната година пилот машините да бидат готови, и да започнеме со нивно поставување. Најпрво ќе бидат поставени тестните машини и тоа на најфрекфентните места а потоа ќе го шириме поставувањето на машините, рече Брдаровски.

Тој нагласи дека за разлика од Скандинавските и останатите европски земји, во Македонија вендинг машините нема да враќаат пари, туку ќе даваат ваучери за услуги.

– Нашиот концепт е овие машини да враќаат услуги кои ќе ги користат граѓаните а не парични средства, од причина што ако враќаат пари, тогаш тој проект ќе треба да се воведе на цела територија на Македонија, а тоа е скапо. Ние ќе одиме општина по општина, град по град, а луѓето ќе имаат бенефити за паркинг, општински услуги и за пазарење во маркети, објаснува Брдаровски.

Тој информира дека проектот е прифатен од голем број на општини и се надева дека брзо ќе се прошири низ државата, но приоритет ќе има Скопје и пофрекфентните места.

– Бидејќи има различни типови на пластика, треба да се прави дополнителна селекција во отпадите, на пластични шишиња, прибор за јадење и играчки. Во поразвиените земји ваквата селекција се прави уште во контејнерите за селекција, но кај нас нема навика. Доволно ќе биде за почеток луѓето да сфатат дека навистина е потребно да се селектира отпадот и да научат на правилен начин тоа да го прават, завршува Брдаровски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот