Бразилски научници: Отровот на најопасната змија може да биде лекот за короната

Змија/ Фото Архива на Слободен печат

Бразилските научници открија дека молекулите од отровот на ендемската јужноамериканска змија јараракусу, ја намалија репродукцијата на коронавирус во мајмунските клетки, што е потенцијален прв чекор кон лек во борбата против коронавирусот, пренесува Ројтерс.

Студија објавена во научното списание Молекули откри дека молекулата произведена од отровот на јараракусу, една од најотровните змии во Јужна Америка, ја намали способноста на вирусот да се размножува во мајмунските клетки за 75 проценти.

„Успеавме да покажеме дека оваа компонента на змиски отров може да спречи многу важен протеин од вирусот“, рече Рафаел Гвидо, професор на Универзитетот во Сао Паоло и автор на студијата.

Молекулата е пептид или синџир на амино киселини кои можат да се врзат за ензимот коронавирус PLPro, кој е од витално значење за неговата репродукција. При испитувањата не се направени оштетувања на другите клетки.

Гвидо тврди дека веќе познат по своите антибактериски својства, пептидот може да се синтетизира во лабораторија, така што нема потреба да се фаќаат змии или тие да се размножуваат.

„Ние сме претпазливи, бидејќи знаеме дека луѓето можат да одат и да ловат змии низ Бразил, мислејќи дека така ќе го спасат светот. Но, тоа не е начинот! Отровот сам по себе нема да го излечи коронавирусот“, рече Џузепе Пуорто, херпетолог кој ја води биолошката колекција на Институтот Бутантан во Сао Паоло.

Во иднина научниците ќе ја проценат ефикасноста со различни дози на молекулата и ќе откријат дали е во состојба воопшто да го спречи навлегувањето на вирусот во клетките, соопшти Државниот универзитет во Сао Пуло (УНЕСП), вклучен во истражувањето.

Јараракусу е една од најголемите змии во Бразил, а таа е долга и до два метри. Живее во крајбрежната Атлантска шума, а може да се најде и во Боливија, Парагвај и Аргентина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот