Бразил останува фаворит за светската титула според обложувалниците

Бразилската фудбалска репрезентација на СП 2022/фото: EPA-EFE/Tolga Bozoglu

Следуваат два дена пауза на Светското првенство во Катар, пред возбудувањата да продолжат во петок и сабота со натпреварите од четвртфиналната фаза.

Како што и се предвидуваше и пред почетокот на Мундијалот, воглавно се типуваше на овие селекции кои останаа во игра за светската титула.

На 9 декември Хрватска од 16.00 часот ќе ги одмери силите против Бразил, а истиот ден од 20.00 часот Холандија за противник ја има Аргентина.

На 10 декември од 16.00 часот најголемото изненадување на СП, Мароко ќе се соочи со Португалија, а од 20.00 часот Англија ќе се сретне против актуелниот светски шампион Франција.

Според светските обложувалници и натаму му се даваат најголеми шанси на Бразил да стигне до титулата.

Така размислува и „Скај Бет“ според кој Франција нема да го одбрани тронот, а како третопласирана котира Аргентина.

„Скај Бет“ – Светско првенство Катар 2022

1. Бразил 7/4
2. Франција 4/1
3. Аргентина 6/1
4. Англија 6/1
5. Португалија 6/1
6. Холандија 14/1
7. Хрватска 33/1
8. Мароко 40/1

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот