Бразил: Најголем број заразени со ковид-19 во последните два месеца

Во Бразил во изминатите 24 часа се регистрирани најголем број новозаразени со коронавирус во последните два месеца.

Бразилското Министерство за здравство соопшти дека се потврдени 80.508 нови случаи на Ковид-19, што е најголем дневен пораст на бројот на инфицирани од 7 јануари. Во изминатото деноноќие починале уште 1.086 пациенти.

Од почетокот на пандемијата во земјата се заразени вкупно 11.019.344 лица, а починале повеќе од 265.000 луѓе.

Одделите за интензивна нега во болниците низ земјата се речиси или целосно полни, а најголемата бразилска држава Сао Пауло од саботата на полноќ воведе двонеделно „заклучување”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот