„Братот близнак“ на Кендал Џенер ќе има свое реално шоу! (ФОТО)

Instagram

Кирби Џенер многумина го поврзуваат со Кендал Џенер и велат дека тие двајца се близнаци. Секако, тоа не е вистина. Кирби е само обично момче кое на генијален начин успеа да се пробие на друштвените мрежи, бидејќи многу често се фотошопира себе си на фотографиите со Кендал.

Сега тој добива свое шоу кое ќе го продуцира и самата Кендал, но и нејзината мајка, која како деловна жена знае да препознае вистинска инвестиција.

Кендал веќе некое време го прати Кирби на Инстаграм и многу често му остава коментари на некои од објавите.

Шоуто ќе се вика „Кирби Џенер“, а ќе започне да се емитува наредната година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот