Бранислав Лечиќ ослободен од обвиненијата за сексуално злоставување: Приговорот на Даниела Штајнфелд одбиен

бранислав лечиќ
Фото: Принтскрин / Facebook

Јавното обвинителство во Белград го одби приговорот на актерката Даниела Штајнфелд на одлуката на Вишото јавно обвинителство кое ја отфрли кривичната пријава што таа ја поднесе против актерот Бранислав Лечиќ, тврдејќи дека ја силувал во 2012 година.

Уште една жртва: Бранислав Лечиќ пред 43 години ја силувал актерката Мерима Исаковиќ кога имала 18 години

Српските медиуми пренесуваат дека Лечиќ сега е ослободен од обвиненијата за силување и дека жалбата на актерката е отфрлена како неоснована, со што е потврдена одлуката на Вишото обвинителство дека нема основани сомневања дека е извршено кривично дело силување.

Уште една жртва: Бранислав Лечиќ пред 43 години ја силувал актерката Мерима Исаковиќ кога имала 18 години

Даниела Штајнфелд поднесе низа обвиненија против Лечиќ. Во своето сведочење, таа тврдеше дека Лешиќ ја однел надвор од Белград со автомобил и сексуално ја злоставувал.

„Откако ме силуваше, посака да му пеам, и пеев, а жена му го бараше на телефон цело време“: Даниела Штајнфелд со нови потресни детали по обвинението против Лечиќ

За потсетување, освен Даниела, Лечиќ беше обвинет за сексуално злоставување и од актерката Мерима Исаковиќ. Мерима подоцна изјави дека други девојки ја контактирале и ѝ рекле дека обвинетиот актер им приоѓал на разни непристојни начини и дека ќе сведочат пред Обвинителството против него, но тие не сакаат да го откријат својот идентитет во јавноста.

Уште една жртва: Бранислав Лечиќ пред 43 години ја силувал актерката Мерима Исаковиќ кога имала 18 години

Извор: телеграф.рс

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот