Бранислав Лечиќ доживеа сообраќајна несреќа: На Урегентен сум, изгубив контрола над возилото
Српскиот актер Бранислав Лечиќ рано утрово доживеал сообраќајна несреќа, а за „Блиц“ се огласил и открил како се чувствува.
Препорачано
Имено, Бранислав Лечиќ изјавил за српски „Блиц“ дека сè уште е во Ургентниот центар каде што му се направени сите прегледи.
Сообраќајната несреќа, како што вели, се случила на Газела. Удрил во банкина, а напомош му притрчале учесници во сообраќајот кои веднаш повикале Брза помош која го пренела во Ургентниот центар.
– Добро сум, му благодарам на Господ сега сè е во најдобар ред. Инсистираа од Брзата помош да ги направиме сите прегледи, уште сум тука и добро сум. За момент изгубив контрола над возилото, па удрив во банкината, сè се случи на Газела. Момент на невнимание, беше и лизгаво. Но сега сè е во ред – изјавил Бранислав Лечиќ за „Блиц“.
Очевидец опишал што затекнал на местото на настанот:
– Беше страшно. Бранислав изгледаше навистина лошо. Вакво нешто одамна не сум видел. Добро е што е жив. Лекарите веднаш го однесоа во болница – изјавил за српски „Телеграф“ човек којшто случајно се нашол на местото на несреќата, а кој инсистирал да остане анонимен.
Млада српска актерка доби тужба од Бранислав Лечиќ: „Не сакам да сум во ист кадар со тој човек“


