Брајан Волш предизвика шок за убиството на сопругата од Белград: Ана беше мртва кога ја најдов
Минатиот месец, Брајан, кој е обвинет за убиството и за распарчувањето на неговата сопруга која е од Белград, се изјасни за виновен за заведување на полицијата и неправилно поместување на телото.
Судењето на Брајан Волш, обвинет за убиство на неговата сопруга Ана Волш, жена од Белград која исчезна ноќта помеѓу 31 декември и 1 јануари 2023 година, официјално започна пред судот во Масачусетс, објави Си-Ен-Ен.
Препорачано
По воведните зборови на обвинителството, адвокатот на обвинетиот Брајан Волш се обрати пред поротата, изнесувајќи тврдења што предизвикаа шок во судницата, според CNN и локалните бостонски медиуми.
Според адвокатот Дејвид Типтон, неговиот клиент „ги излажал истражителите затоа што бил во паника“ откако тврди дека ја пронашол Ана Волш онесвестена во нивниот кревет.
Типтон ѝ кажа на поротата дека пред инцидентот, Брајан Волш се симнал долу за да ја исчисти кујната и да провери е-пошта, и дека кога се вратил во спалната соба, „само сакал да легне до сопругата“.
„Кога се приближи до креветот, таа не реагираше. Толку многу што нејзиното тело се стркала од креветот. Беше мртва“, рече адвокатот на одбраната, според Си-Ен-Ен.
Минатиот месец, Брајан, кој е обвинет за убиството и за распарчувањето на неговата сопруга, се изјасни за виновен за заведување на полицијата и неправилно поместување на телото.
САД: Сопругот на Србинката Ана Волш е официјално обвинет за нејзиното убиство


